Македонија го пречекува Либан
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска на Националната Арена „Филип Втори“ ќе одигра пријателски натпревар со селекцијата на Либан.
Ова ќе биде нова можност селекторот Игор Ангеловски да ја провери формата на играчите, особено по триумфот во четвртокот над селекцијата на Црна Гора од 4:1.
За денешниот дуел селекторот нема да може да смета на Агим Ибраими, кој по дуелот со Црна Гора беше ослободен од репрезентативните обврски и се врати во својот кулб.
Како и што најави претходно селекторот Ангеловски за овој дуел повика и четири играчи од селекцијата до 21 година, која во неделата одигра нерешено (2:2) со Франција. Тоа се: Енис Барди, Ѓоко Зајков, Игор Алексовски и Виктор Ангелов. Поради повреди повик не добија: Марјан Радески и Дарко Велковски истотака од младата репрезентација.
Репрезентацијата на Либан се наоѓа на 140.место на ФИФА ранг листата, што значи едно место зад Македонија и ова ќе биде прв меѓусебен дуел на двете селекции.
Почетокот на натпреварот е во 13 часот, а главен судија е Дамир Скомина од Словенија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа