„Со овој тренер нема да освоиме ништо!“ - Шокантна порака на Роналдо до Флорентино Перез

 

Првиот стрелец во историјата на Реал Мадрид не игра во посакуваната форма сезонава, а за тоа смета дека тактиката што ја подготвува тренерот Бенитез не му одговара.

Тоа деновиве било причина Роналдо да има средба со претседателот на Реал, Флорентино Перез, кому, според шпанските медиуми, јасно и гласно му порачал: „Со овој тренер нема да освоиме ништо!“.

Незадоволството на Роналдо, според медиумите, е поради односот на Бенитез кон Португалецот, кој смета дека тренерот на „кралевите“ го симпатизира Герет Бејл и сака да го направи главен играч во составот. 

Ова е и една од причините зошто се појавуваат информациите дека Роналдо размислува за заминување од Мадрид.

 
 
16.11.2015 - 23:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега