Македонија ја победи Црна Гора
Фудбалската репрезентација на Македонија после долга серија лоши резултати, поладнево ја совлада Црна Гора со убедливи 4:1, полувреме 3:0.
Хет трик на натпреварот постигна Александар Трајковски. Еден гол беше дело на Ванче Шиков, а голот за Црна Гора го постигна Стеван Јоветиќ.
Првиот гол на мечот постигна Ванче Шиков во 35. минута, а во рок од 5 минути Македонија постигна уште два гола преку Трајковски во 38. од пенал и во 40. Минута.
Во второто полувреме Трајковски во 64. Минута го комплетираше хет трикот, а Јоветиќ во 89. минута го ублажи поразот за гостите.
На Арената „Филип Втори“ имаше околу 500 гледачи. Судија беше Ивајло Стојанов од Бугарија
За Македонија настапија: Димитриевски, Ристовски, Шиков, Мојсов, Жута, Стјепановиќ (72’ Брдаровски), Глигоров, Тричковски (57’ Петровиќ), Ибраими, Трајковски (83’ Илијоски), Велкоски (58’ Несторовски)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа