ФОТО: Атракција во автобусите на ЈСП - што се случуваше?

 

Уличните музичари на Град Скопје вчера напладне  го напуштија градскиот плоштад и настапија во автобусите на ЈСП СКОПЈЕ каде што направија едно пријатно изненадување за патниците настапувајќи со нивниот репертоар кој вклучуваше и македонска музика.

 Патниците без двоумење веднаш им се придружија  на музичарите и секојдневната монотонија во автобусите се претвори во навистина весела и распеана атмосфера. 

 

 Во автобусите на ЈСП настапија два бенда од кои едниот е „Метаверсус“, кој настапува со македонска и странска рок и поп музика, а другиот е „Сирин“ со својот ориентален стил и етно звуци.

 

 Овој проект е дел на програмата за култура на Град Скопје, а е во организација на ЈУ Конгресен центар Александар Македонски.

 

  Уличните музичари веќе неколку години  настапуваат во централното градско подрачје и  ги забавуваат минувачите.

 

 

 
 
11.11.2015 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега