Вардар со реми кај Веспрем
Ракометарите на Вардар како ретко која друга екипа се вратија непоразени од гостувањето кај Веспрем, откако попладнево одиграа нерешено 24-24 во рамките од СЕХА-лигата.
Дибиров беше најдобар во таборот на Вардар со седум гола, пред Душебајев со четири, а Македа, Карачиќ и Марсениќ постигнаа по три.
Кај Веспрем најпрецизни беа Наѓ со осум, Сулиќ и Лекаи со по четири гола.
Ова одлично издание на Вардар доаѓа во пресрет на саботниот меч против Барселона во Лигата на шампионите.
10.11.2015 - 23:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа