Продолжува прскањето на улиците со калциум магнезиум ацетат
Град Скопје синоќа во два навратa, од 21 до 22 часот и од 5 до 6 часот повторно ги третираше со калциум магнезиум ацетат булеварот „Свети Климент Охридски“ и улиците „Свети Кирил и Методиј“ и „Јордан Мијалков“, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.
Според најавите од Градот, третирањето на градските сообраќајници со калциум магнезиум ацетат ќе продолжи, а наскоро ќе се прошири и на други локации.
Градските власти потсетуваат дека брзината на сообраќајниците каде се аплицира средството Калциум магнезиум ацетат е ограничена на 40 километри на час, заради можна појава на лизгавост на коловозот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа