Нов пад на Македонската фудбалска репрезентација - 139. место на новата ФИФА ранг листа

 

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад на ФИФА рејтинг листата објавена денеска и сега се наоѓа на 139.место, седум позиции полошо од октомвриското рангирање.

За првпат во својата историја на врвот се искачи Белгија која ја симна Германија на второто место.

Од противниците на Македонија во квалификациите за Светското првенство 2018 кои почнуваат во септември, најдобро рангирана е Шпанија (6.место), а потоа следуваат Италија (13), Албанија (36), Израел (61) и Лихтенштајн (163).

Во ТОП 10 се:

1.Белгија,
2.Германија,
3.Аргентина,
4.Португалија,
5.Чиле,
6.Шпанија,
7.Колумбија,
8.Бразил,
9.Англија,
10.Австрија.

Следното рангирање ФИФА ќе го направи на 3 декември

 
 
05.11.2015 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега