Миркуловски се огласи и испрати порака до раководството на Металург (ФОТО)

 

Откако Металург денеска потпиша договор со Давид Шпилер и му го додели дресот со број 13 кој го носеше Филип Миркуловски, со своја реакција се јави и македонскиот репрезентативен среден бек.

По само неколку месеци, Металург повторно ја „активира“ 13-ката и брзо го заборави Фичо, а на сѐ тој реагираше со ироничен коментар на социјалната мрежа „Фејсбук“.

-Ја дадоа 13-ката, сега се на ред изгледа парите да ни ги дадат“, гласи коментарот на Миркуловски, до кој означени се и имињата на македонските репрезентативци Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски и Ацо Јоноски.

62971-mirkulovski-ja-dadoa-13-kata-ushte-parite-da-ni-gi-dadat-foto

 
 
04.11.2015 - 23:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега