Притворен Карим Бензема
Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема денеска е притворен во Париз поради учество во аферата уцена на репрезентативниот колега Матју Валбуена со секс-снимка“.
Во овој случај беше обвинет и Жибрил Сисе, но тој е пуштен на слобода, а по скандалот објави крај на својата кариера.
Обвинителството во Франција постапува по случајот откако полицијата добило пријава од Валбуена дека неколку лица му побарале откуп од 150.000 евра за секс-снимка да не излезе во јавност.
Од тамошното обвинителство го потврдија притворот на Бензема и соопштија дека голгетерот на Реал се соочува со казна од една до пет години затвор ако биде прогласен за виновен
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа