Маж прегазен на скопските улици
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди.
Од нив, осум се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца пешаци и еден возач на мопед.
Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда. Taa се случила во 10:20 часот на крстосницата од улиците „Антон Попов“, од улицата „Виктор Иго“ и сервисна улица која води кон паркинг просторот пред зградата со број 16 лоцирана на улицата„Антон Попов“, во која учествувале патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и 68-годишен пешак, граѓанин на Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој со возило на Брза помош бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, а по укажаната лекарска помош е задржан на понатамошно лекување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа