БиХ: Пронајдена голема количина оружје закопано во земја

 

Припадници на Државната агенција за истрага и заштита на БиХ пронашле голема количина оружје во акцијата кај местото Тешња, пренесе Дневни Аваз.

Оружјето било закопано во земја, а според досегашните сознанија се работи за гранати пронајдени на локалитетот меѓу Теслиќ и Тешња, кој во војната бил во близина на линијата на поделба.

Со истрагата раководи Обвинителството на БиХ, а во моментот се работи на откопување, евидентирање и транспорт на оружје откако на терен е упатен камион со вооружени сили на БиХ, пишува весникот. 

ФОТО: Вест

најчитано сега