Трагедија во Кочани: Ја заклал жена му па се обесил

 

По крвавото убиство во Врапчиште каде сопруг со секира свирепо си ја уби сопругата, уште една трагедија ја потресе Македонија. Семејна драма завршила со смрт во Кочани, откако маж со нож си ја прободел сопругата по што посегнал по својот живот. Како што објавува „Старплус“ на ТВ Стар, во семејниот дом во Белското маало, сопруг жестоко ја тепал сопругата, а потоа и со кујнски нож ја прободел во десната рака, по што го напуштил домот. Во семејната куќа каде живеел со сопругата и двете ќерки се вратил два дена подоцна, но не за да се смири со семејството, туку за да се обеси и тоа на терасата, додека најблиските спиеле во куќата. Обесен, 52-годишниот С.А. први го виделе соседите кои утринава тргнале на работа.

Што и како се случувало изминатите две дена со С.А. не знае никој, но во маалото тој важел за пристоен човек, па неговото насилство и смрт, за многумина се изненадување.

„Тој овде во населбата беше друштвен човек и досега вакво нешто не се случило овде“, велат соседите.

Инаку, сопружниците во брак биле скоро 30 години и немале проблеми.

 

 

Оцени ја веста

22.10.2015 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега