Привремен сообраќаен режим на „Борис Трајковски“
Поради асфалтирање на дел од булеварот „Борис Трајковски“, од поранешната фабрика „Стакларница“ до бензинската пумпа „Марија трејд“, денеска и утре на оваа делница ќе се воведе привремен сообраќаен режим.
Привремен сообраќаен режим наредните два дена ќе се воведе и на крстосницата кај населбата Усје, заради асфалтирање на коловозот.
Град Скопје апелира до граѓаните да ја користат околната патна мрежа, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.