Гостивар: Со секира си ја убил сопругата
Четирисет и девет годишен маж со секира ја усмртил сопругата во се уште нерасветелни околности, во семејната куќа во гостиварското село Врапчиште, јави дописникот на МИА од Гостивар.
Убиството, според информациите од Јавното обвинителство во Гостивар, најверојатно се случило половина час после полноќ.
Од Јавното обвинителство кое го истражува убиството информираат дека осомничениот сопруг, најверојатно поради нарушени семејни односи започнал расправија со сопругата, по што ја удрил со секира. Убиството било извршено во спалната соба од семејната куќа во село Врапчиште.
По убиството, осомничениот самиот се пријавил во полициска станица Гостивар.
На местото на настанот извршен е увид од страна на јавен обвинител и криминалистичка техника. Јавниот обвинител издал наредба за вршење обдукција. Истрагата продолжува во насока на расветлување на настанот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа