Хрватица започнала да зборува на германски јазик откако се разбудила од кома
Тринаесетгодишно девојче од хрватскиот град Книн започна да зборува на чист германски јазик, откако се разбуди од 24-часовна кома.
Откако девојчето се разбудило од кома веќе не се сеќава на хрватскиот јазик туку само на германскиот кој го изучувала во училиште, но како што велат нејзините родители никогаш не и одел овој јазик.
Лекарите во болницата во Сплит, каде што е сместена девојката, признаваат дека е ова е нависитна невообичаен случај и се обидуваат да ги утврдат причините за тоа.
- Во минатото нешто вакво ќе беше сметано за чудо, но денес експертската јавност е сигурна дека мора да има некое логично објаснување, само што уште не е откриено, изјави психијатарот Мијо Милас.