Субрата Рој стана почесен доктор по економски науки
Индијскиот милијардер Субрата Рој Сахара заработи титула почесен доктор на економски науки на University of East London. На церемонијата која се одржа во Crowne Plaza Hotel, беше присутно неговото семејство, претставници на факултетот, како и истакнати претставници на на бизнис заедницата, спортот и политиката.
- Овој настан за мене има големо значење. Оваа почесна награда оди во рацете на уникатен студент – студент на животот. Неговиот успех во Индија покажува дека секој успех може да биде не само локален туку и глобален. Јас сум воодушевен од неговиот начин на бизнис и филозофијата на која се заснова неговата компанија, истакнал Lord Noon ректорот на универзитетот.
Субрата Рој е еден од 10-те најмоќни бизнисмени во Индија и сопственик на „Сахара Индија Паривар“. Неговата компанија треба да изгради комплекс со луксузни хотели, казина, спортски терени и пристаниште под атарот на охридско Љубаниште.