Во тек е изградбата на неколку улици во Илинден
Општина Илинден санираше и асфалтираше три крака од улицата „531“ во населбата Марино, во должина од 650 метри, за што се инвестирани три милиони денари, обезбедени од општинскиот буџет.
Во тек е изградба и на две улици во новата населба Јака во должина од 1.000 метри, како и шест улици кај новата населба, непосредно до спортскиот комплекс во Марино, во вкупна должина од 1.000 метри.
Согласно програмата за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локалните улици и патишта и програмата за подобрување на инфраструктурата во стопанските комплекси и во локалните економски зони во текот на 2015 година за изградба на 16 километри локални улици и патишта во Општина Илинден се инвестирани 100 милиони денари, со што значително ќе се влијае на подобрувањето на локалната патна инфраструктура, соопшти општинската прес-служба.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа