Крај на маките на жителите: Пуштен во употреба асфалтираниот пат од Радишани до Љубанци
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски денеска заедно со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општина Бутел, Петар Латиновски свечено го пуштија во употреба асфалтираниот пат од с. Радишани до Љубанци.
Патот е во должина од 1.200 метри, а инвеститор е општина Бутел. Покрај асфалтирањето на патот, извршена е и изградба на атмосферска и фекална канализација во должина од 600 метри.
Вкупната инвестиција е во износ од 10 милиони денари, односно повеќе од 150 илјади евра.
Оцени ја веста
16.10.2015 - 15:45
Фото:
МИА
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа