Пијан штипски таксист со нож се пресметал со свој колега

 

Пијан такси возач од Штип вчера вечерта со нож му се заканувал на свој колега.

Според МВР, вчера околу 20:30 часот, на такси паркинг просторот во населбата Баби во Штип, настанала жестока расправија меѓу 54 годишниот Д.А. и 45 годишниот С.Д. Поради претходни недоразбирања. С.Д. почнал да го навредува својот колега и во еден момент излегол од контрола, извадил нож од својата чанта и тргнал да се пресмета со Д.А.

За среќа, присутните на паркингот го спречиле С.Д. да направи поголем инцидент.

Штипскиот таксист бил приведен во полициска станица, каде било утврдено дека има 1,23 промили алкохол во крвта.

Од МВР најавуваат соодветна пријава по целосно расчистување на случајот.

 

најчитано сега