Одобрено приватизирањето на грчкиот железнички оператор „Траиносе“
Грчкиот весник Етнос објави дека Европската комисија ја одобри процедурата за приватизација на грчкиот железнички оператор „Траиносе“ и наскоро ќе биде објавен тендер за продажба на компанијата.
- Со преструктурирањето на „Траиносе“ и претстојната приватизација компанијата нема повеќе да добива државни субвенции, се гарантира нејзино заздравување и развој и ја прави конкурентна во согласност со европските норми, се наведува во писмото од ЕК до грчките власти, пренесува Етнос.
Интерес за приватизирањето на „Траиносе“ покажа кинескиот гигант КОСКО, а на тендерот ќе учествуваат и руски и француски железнички компании. Интерес покажале и една романска и две американски компании.
ФОТО: НоваТв