Дачиќ и Тачи на прагот на нов договор

 

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон изјави вчера дека предлог-решенијата за прашањата околу телекомуникациите и енергетиката се речиси финализирани, а разговорите во врска со тоа ќе продолжат за време на нејзината престојна посета на Белград и Приштина, утре и задутре.

- Од суштинско значење е работата за примена на Бриселскиот договор да продолжи во престојните недели и месеци, како што е предвидено со Планот за имплементација. Задоволна сум што двајцата премиери ја потврдија посветеноста кон оваа цел, се наведува во соопштението на Ештон по состанокот.

По завршувањето на разговорите Дачиќ истакна дека тие биле многу тешки, но дека дошло до извесен напредок по сите прашања, додека од своја страна Тачи изјави дека е постигнат суштински, но не и комплетен, напредок за електричната енергија и телекомуникациите.

ФОТО: А1.он

 

најчитано сега