Полицајци и службеници ќе ја блокираат Грција

 

Општинските службеници во Грција денеска повторно почнуваат нов 24-часовен штрајк во знак на протест против отпуштањата во државниот сектор, што Владата ги договара со меѓународните кредитори во замена за нова транша од спасувачкиот пакет помош за земјата, јави радио Атина.

Денеска ќе штрајкуваат и општинските полицајци. Според нивниот синдикат, до крајот на јули ќе бидат отпуштени над две илјади училишни чувари, а до крајот на септември на иста позиција ќе се најдат 3.600 општински полицајци.

Во рамките на преземените ангажмани кон кредиторите, исто така, се предвидува општинската полиција да биде укината како служба. Еден дел од нив ќе останат во општините, а другиот ќе бидат распределени на други служби од Министерството за јавен ред. 

најчитано сега