Од утре топли радијатори

 

Од утре, 15 октомври, официјално почнува грејната сезона. Од „Балкан енерџи груп“ за „Мета“ велат дека сè е подготвено за почетокот на грејната сезона и дека граѓаните ќе добијат парно доколку температурата по 21 часот падне под 12 степени.

Според последните одлуки на Регулаторна комисија за енергетика, времето на греење се продолжува за еден час и наместо до 21 часот, граѓаните ќе имаат парно до 22 часот.

Новина е што нема да се чека температурата да се спушти под 12 Целзиусови степени три последователни дена, туку парно ќе има ако прогнозата на УХМР за следниот ден предвидува температура пониска од 12 степени.

Со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, која беше соопштена кон крајот на јули, граѓаните што се приклучени на системот за парно греење на „Балкан енерџи груп“ ќе плаќаат поевтино парно за 0,19 проценти, на „ЕЛЕМ енергетика“ за 0,86 проценти, а сметките на „Скопје Север“ АД ќе останат исти.

 

 

Оцени ја веста

14.10.2015 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега