Познато скопско кафуле казнето поради гласна музика
Инспекциските служби, по пријава од граѓаните, извршија редовен надзор и констатираа дека максималното дозволено ниво на бучава по 23:00 часот од 45 децибели го надминува „Интермецо Кафе“, соопшти Општина Центар.
При последната контрола се посетени и други локали, но по мерењата на оластена компанија не е констатирано надминување на 45-те дозволени децибели, велат од таму.
„Надлежните од општината ќе издадат платен налог од 500 евра за правното лице и 150 евра за одговорното лице. Доколку казната не се плати, ќе се поднесе прекршочна пријава“, се наведува од соопштението.
Општина Центар ги повикува граѓаните да пријават бучава од кафе-баровите и кафеаните кои се наоѓаат на територијата на општината.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа