Делови на Скопје утре без вода

 

 

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје, информира дека утре ќе се изведува технички зафат за поправка на затворачи на водоводна мрежа во Општина Аеродром. Интервенцијата ќе започне во 9:00 часот и ќе трае до завршување на работите.

Без вода ќе останат корисниците од населбата Маџари, јужно од автопатот односно улиците Благоја Стефковски, населбата Хиподром и други и селото Студеничани.

Откако ќе се испразнат резервоарите, без вода ќе останат корисниците од високата зона во населбите Аеродром и Ново Лисиче, населбата Припор, селата Сопиште, Ракотинци и Добри Дол, населбите Усје, Пинтија и Драчево, селото Драчево,  селата Батинци, Љубош и Моране.  

Со намален притисок ќе бидат корисниците од ниските зони во населбите Аеродром и Ново Лисиче и населбата Маџари, северно од автопатот

 

 

Оцени ја веста

13.10.2015 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега