Огромен број проекти: Град Скопје инвестира во сите скопски општини (ВИДЕО)

 

Градот Скопје во изминативе 5 години, од 2009 година па наваму, е едно големо градилиште. Составен е од 10 општини и нема општина во која Градот немал активности. Сите општини се подеднакво застапени, истакна градоначалникот Коце Трајановски, на денешната трибина „Инфраструктурна експанзија во Македонија“, во организација на Институтот Павел Шатев.

-Интензивно се инвестира во општина Сарај, таму од 2009 година до сега е направено толку колку што не е направено во последниве 10 до 15 години... И најодалечените општини и руралните општини кои што немаат доволно средства Градот Скопје не ги остави и подеднакво ги тетира како и градските општини, рече Трајановски.

Градскиот татко ги наброја бројните проекти кои беа реализирани во сите скопски општини.

Трајановски потсети дека Градот направи проект и објави два тендери за подземната улица, но за жал не се избра изведувач.

-Тоа не значи дека се откажуваме од оваа подземна сообраќајница која ќе биде од Владата на РМ па се до пред новата Железничка станица. Сега правиме консултации со фирмите кои учествуваа на овие тендери за да можеме понатака да видиме при следното објавување да имаме поконкретни резултати, подвлече Трајановски.

Истакна дека многу капитални проекти ќе се реализираат и во 2016 година во скопските општини, а еден од нив е и булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во делот на општина Бутел ,за кој до крајот на месецот ќе биде објавен тендерот. За прв пат, рече Трајановски, ќе се пробива целосно нов булевар, од подвозникот да се до заобиколницата.

Целиот говор на градоначалникот Коце Трајановски за сите досегашни и идни проекти кои ќе ги реализира Град Скопје, погледнете го во видеото.

 

 

Оцени ја веста

10.10.2015 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега