Џафери се закани: Без Законот за бомбите СДСМ нема да добие министри во Владата
Ако закoнот за бомбите не се донесе до 20 октомври, сам ќе му го поднесам на Собранието, а иzборот на новите министри воопшто нема да се случи. Пратеникот Талат Џафери на вчерашните преговори со јасен став. Како што дознава Press24 од извори кои учествувале на преговорите, Џафери побарал и добил гаранции од генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски дека законот за бомбите ќе биде донесен, по што Џафери се решил да го повлече од собраниска процедура за да не го кочи преговарачкиот процес за изборниот законик.
Спасовски потврдил дека СДСМ ја преземала обврската за овој закон со потпишувањето на Договорот во Пржино.
Потврдата дека СДСМ стои зад обврската да се донесе Законот за бомбите била изнесена пред претставниците на сите четири политички партии, амбасадите на САД, ЕУ и ОБСЕ.
Интересно е што вчера лидерот на СДСМ Зоран Заев како и партискиот портпарол Шилегов тврдеа дека таква обврска не била преземена .
Ова е силен демант на изјавите на лидерот на СДСМ и уште една потврда за манипулативниот пристап на опозицијата во преговарачкиот процес.
Во врска со Изборниот законик се уште не е постигнат никаков договор, а единствената точка околу која е постигната согласност е Законот за бомбите да помине во Собранието најдоцна до 20 октомври.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа