Косовската полиција тврди: Повредените Албанци сечеле дрва

 

Косовската полиција соопшти дека во синоќешната престрелка на границата меѓу Србија и Косово повредени се шест косовски Албанци.

Синоќа околу 19 часот и 40 минути било пукано врз луѓе кои отишле да сечат дрва на српска страна при што се повредени шест лица, кои се хоспитализирани во Клиничко-болничкиот центар во Приштина.

Едно лице е потешко повредено, додека другите се полесно повредени.

Косовската полиција соопшти дека ги презела сите неопходни мерки за случајот и оти почнала истрага.

ФОТО: Денешен

најчитано сега