ЗА СИТЕ ПО НЕШТО: Најавени капитални проекти во сите скопски општини

 

Градот Скопје следната година ќе гради капитални проекти во сите скопски општини. Средствата ќе ги одвои од буџет за 2016 година, чија првична проценка е дека ќе изнесува 4,3 милијарди денари.

-Во првичниот нацрт- буџет за 2016 година ќе има едно мало покачување од 10 проценти. Минатогодишниот беше 3,9 милијарди денари, сега се предвидува 4,3 милијарди денари, но ова е првична верзија, постои можност и за негово намалување. Ова е развоен буџет и има многу капитални проекти кои треба да се реализираат во 2016 година, истакна градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.

Градоначалникот Трајановски, советниците на Град Скопје, раководителите на сектори и со директорите на градските јавни и културни институции го кројат градскиот буџет за 2016 година во Маврово.

Капитални проекти во сите општини во Скопје кои треба да ја одбележат следната година

Сарај

Реконструкција на главната улица Сарај и дел од главната улица во село Кондово

Ѓорче Петров

Продолжување на булевар Партизански одреди и санација на улицата Ѓорче Петров, како и пробивање на тесните грла на улицата Борис Сарафов

Карпош

Кружен тек кај Хубо Маркет и фекална канализација по булеварот Партизански одреди, од улицата Љубљанска па се до 8 Септември

Центар

Проширување на булеварот Тодор Александров- тендерот е распишан, избран е изведувач, а булеварот ќе добие 4 ленти

Кисела Вода

Продолжување на булеварот Борис Трајковски- третиот дел, од Стаклара па се до Пинтија, изградба на булеварот Србија од постојката на последна 24 кон Цементарница, како и на улицата Есенинова

Аеродром

Завршување на Трета Македонска Бригада и продолжување на булевар АСНОМ, завршување на паркот кај постојката на последна 5-ка

Гази Баба

Проширување со плус уште една лента на булеварот Александар Македонски на влезот во Град Скопје и завршување на улицата Маџари и на кружниот тек на 16 Македонска Бригада

Чаир

Проширување на улицата Пластичарска со 4 ленти, следната година започнуваат градежните работи, како и на булеварот Христијан Тодоровски Карпош во делот на Чаир

Бутел

Правење на новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош на една половина, а за другата половина ќе биде објавен тендерот при крајот на 2016 или почеток на 2017 година, ќе се санира и булеварот Александар Урдаревски

Шуто Оризари

Завршување на водоводот кој е веќе започнат

 

 

Оцени ја веста

02.10.2015 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега