Нов пат од Кучково до манастирот „Св. Илија“

 

 

Завршија работите на новата улица, која води од село Кучково до манастирот Св.Илија во должина од 500 метри и широчина од 3,5 м.

Од Општина Ѓорче Петров информираат дека на улицата е отстранет хумусниот слој и е нанесен квалитетен тампон. Воедно, се најавува дека во кругот на манастирот ќе биде поставено ново осветлување и урбана опрема - клупи и корпи за отпадоци.

Средствата за изведба на овој проект се обезбедени од општинскиот буџет. 

најчитано сега