Нападнат градоначалникот на Атина
Јоргос Каминис, градоначалникот на Атина бил нападнат од група демонстранти, кои демонстрираа против масовните отпуштања на службеници во државниот сектор. Врз градоначалникот се нафрлиле претставници на синдикати.
Општините во Грција денеска нема да работат во знак на протест против плановите на властите да бидат отпуштени за една година 12.500 државни службеници.
Инаку, градоначалникот се здобил со посериозни повреди.
ФОТО: Алфа