Тимови на Катастарот во Бардовци и Драчево

 

Во рамки на Отворените денови со граѓаните, денеска стручни тимови на Агенцијата за катастар на недвижности се во месната канцеларија на Бардовци каде остваруваат средби со жителите.

Секоја година Агенцијата за катастар на недвижности организира отворени денови со граѓаните во одделенијата и во Центарот за катастар на недвижности. Од оваа година отворените денови се организираат и во населените места, зависно од интересот на граѓаните.

- Средбите во населените места каде нема подрачни одделенија на Катастарот се организираат по барање на жителите со цел да им се излезе во пресрет, да не патуваат до најблиското одделение за Катастар, да не трошат време и пари, информира Агенцијата за катастар на недвижности. 

Тимови на Агенцијата за катастар на недвижности утре од 9 до 17 часот ќе бидат во месната заедница Драчево.

- Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да дојдат во просториите на месната заедница Драчево за заедно да ги надминеме нејаснотиите околу имотните прашања, се вели во соопштението од Агенцијата за катастар на недвижности.

 

 

Оцени ја веста

01.10.2015 - 16:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега