Ќе се сечат старите чемпреси на плоштадот Филип Втори во Скопје
Старите садници на плоштадот Филип Втори не се безбедни и ќе мора да бидат исечени, информираат од Паркови и зеленило
„Невремето проследено со силен ветер и пороен дожд што го зафати Скопје и околината во изминатиот месец турна еден стар чемпрес на плоштадот Филип Втори, кој предизвика штета на околината и беше отстранет. Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ при увидот на терен констатираа дека и другите зимзелени садници на овој плоштад покажуваат слабост, се со слаб и оштетен коренов систем и постои опасност да паднат.
Поради наведените причини и заради безбедност на граѓаните, Ве известуваме дека овие оштетени садници ќе бидат отстранети и на нивно место ќе бидат засадени нови и здрави садници. “ - стои во соопштението на ЈП Паркови и Зеленило Скопје.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа