На кејот на ГТЦ нема да се гради транспортна улица туку уреден простор под посебен режим со бекатон плочки

 

Делот од кејот 13 ноември каде со деталниот урбанистички план  од општината Центар е предвидено изградба на улица ќе биде со посебен режим на сообраќај и со бекатон плочки како што е улицата Никола Вапцаров кај споменикот Методија Андонов Ченто. Ќе опфати само мал дел од просторот кој го користат скопските кафулиња на кејот, а граѓаните слободно ќе можат да пешачат по него. Автомобили ќе може да се движат само во одредени термини и под посебни улсови.

Градоначалникот на Скопје вели дека се постапува според ДУП донесен од општината Центар.

„Сакам да нагласам дека новата пристапна улица ќе биде покриена со бекатон-плочки, слично како улицата Никола Вапцаров, и за неа ќе важи посебен режим за движење на моторните возила.

Наспроти лажните обвинувања на градоначалникот Жерновски кој пред јавноста прави политички маркетинг и ја политизира изградбата на улицата, надлежноста на кејот согласно закон е во целост на градот Скопје.“ – вели Трајановски

Тој додаде дека за изградба на улицата нема да се издвојат средства од градската каса туку дека се работи за приватен инвеститор.

„ Сакам да нагласам дека Градот Скопје нема да ја гради оваа улица. Улицата ќе ја гради приватен инвеститор кој што побара согласност од Градот Скопје за да ја изгради оваа пристапна улица. Градот Скопје, според Закон, е обврзан да му издаде согласност и право на инвеститорот за изградба на оваа пристапна улица и да овозможи реализација на Деталниот урбанистички план за централното градско подрачје.“ – вели Трајановски

Жерновски во изминатиот период упорнo сака да прави маркетинг од оваа тема ширејќи невистини. Една од нив е дека таа улица ќе била транспортна што воопшто не е точно а градоначалникот Трајановски денеска  го демантираше. Тоа ќе биде улица каде возила ќе се движат под посебен режим како што е улицата кај споменикот на Методија Андонов Ченто а во останатиот период ќе биде од корист за граѓаните. На тој начин ќе се воведе и поголем ред во организацијата на кејот 13 ноември.

 

 

 

 

Оцени ја веста

30.09.2015 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега