Ако седнувате денеска во автомобил задолжително прочитајте ја оваа вест

 

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.          

Продукциската куќа “CHIC FILMS” и МАНУФАКТУРА продукција известуваат дека обиколницата околу Скопје (делница 3, автопат 2, кл.„Хиподром“-кл.„Сарај) денеска до петок (02.10.2015), во време од 05:00 часот до 18:00 часот, ќе биде затворена за сообраќај за потребите на снимањето на францускиот филм “A FOND”.

Времената измена за режим на сообраќај е воведена согласно Одобрението 11-уп-87/4 од Министерство за транспорт и врски.

Од АД Гранит известуваат дека поради изведување на градежни работи од 01.09.2015 до 30.11.2015 државниот пат А3, делница Битола - Макази, фаза 1-ва од клучката кај бензинската Лукоил до клучката за с. Ротино, е затворена за сообраќај, а сообраќајот се пренасочува по стариот пат Битола - Ресен. Пренасочувањето е обележано со соодветни сообраќајни знаци, согласно на Основниот сообраќаен проект за времен режим на сообраќај.

Од ГЕИНГ известуваат дека за потребите на реализација на проектот за „Санација на свелчишта и стабилизација на нестабилни зони“ има потреба од извршување на геотехнички теренски истражувања на свлечиштето на патот Р1302 Делчево - Пехчево. Активностите ќе се изведуваат во период од 14.09.2015 до 23.09.2015, во зависност од временските услови. 

Во текот на извршување на работите сообраќајот ќе се одвива непречено, со тоа што ќе се користи соодветна опрема за сигнализирање и за регулирање на сообраќај.

Градежното Друштво “Гранит” АД Скопје (Р.Е. Свети Николе – Штип) изведува градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км. Сообраќајот е целосно затворен до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.

На патниот правец А1 Градско – Прилеп се изведуваат работи на пат (машинско гребење на асфалт) од 33 до 38 км. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, а ќе се работи во наредните седум дена од 07.00 до 15.00 часот.

Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес - Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:

- од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово, и

- од с. Лозово преку с. Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.

 

 

Оцени ја веста

29.09.2015 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега