Се разбудила од кома и зборува само германски - девојка од Хрватска ги запрепасти лекарите

 

Една 13-годишна девојка од хрватскиот град Книн почна да зборува на чист германски јазик, откако се разбуди од 24-часовна кома.

Родителите на девојката изјавија дека таа учела германски јазик на училиште, но дека никогаш не го говорела толку добро како сега.

Она што доплнително збунува во целата ситуација е тоа што по будењето од кома таа не разбира хрватски, туку комуницира само на германски.

Лекарите во болницата во Сплит, каде што е сместена девојката, признваат дека е ова е нависитна невообичаен случај и се обидуваат да ги утврдат причините за тоа.

- Во минатото нешто вакво ќе беше сметано за чудо, но денес експертската јавност е сигурна дека мора да има некое логично објаснување, само што уште не е откриено, изјави психијатарот Мијо Милас. 

најчитано сега