Крвава ноќ пред гостиварската гимназија: Две млади момчиња во болница

 

Еден 21-годишник и еден малолетник на возараст од 16 години, синоќа биле згрижeни во гостиварската болница откако биле нападнати од десетина момчиња.

Според СВР Тетово, поголема група најверојатно средношколци, на улицата „Живко Брајковски“ пред гостиварската гимназија, нападнале и со клоци и тупаници удирале еден 16-годишник. Во обид да го спречи нападот и да го одбрани момчето, се вмешал и 21-годишен гостиварец, кој случајно се нашол во близина. Групата се нафрилила и на него, нанесувајќи му повеќе повреди по телото и главата. Двајцата побарале помош во гостиварската болница, а повозрасниот е задржан на лекување.

По пријавувањето, гостиварската полиција работи на расветлување на поединостите кои довеле до ова нарушуавње на јавниот ред и мир и идентификување на учесниците.

 

 

Оцени ја веста

16.09.2015 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега