Хибридните возила поевтино ќе се паркираат на паркинзите на ПОЦ
Јавното претпријатие „Паркинзи“ на општина Центар (ПОЦ) ќе наплаќа повластена паркинг карта за паркирање хибридни возила на паркинзите со кои управува.
За добивање на повластената паркинг карта сопствениците на електрични и хибридни возила (ПКЕХ) при склучување договор треба да достават лична карта и сообраќајна дозвола издадена од надлежен орган доколку се работи за физичко лице. За правните лица потребно е да се достави тековна состојба, сообраќајна дозвола издадена од надлежен орган и овластување од овластеното лице на правното лице издадено за физичкото лице потписник на договорот за користење на повлатена паркинг карта.
Од ПОЦ информираат дека корисниците на повластена паркинг карта за хибридни возила имаат право на бесплатно паркирање единствено на отворените јавни паркиралишта во паркинг секторот каде што се поставени постројки за напојување на возилата, како и во катната гаража Судска палата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа