Штипјанец лажел граѓани дека ќе им обезбеди азил во Германија
Штипјанец земајќи им по 200 евра, излажал неколку лица дека ќе добијат статус на азилнати во Германија.
СВР Штип до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција - Скопје поднесе кривична пријава против С.Д.(34) од Штип осомничен дека сторил кривично дело „злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор“.
Пријавениот, соопшти денеска МВР, во текот на 2013, 2014 и 2015 година со цел да се стекне со противправна имотна корист, поттикнувал и организирал патување на поголем број државјани на Република Македонија во државите членки на Европската унија и Шенгенскиот договор.
Имено, во текот на мај 2013 година со цел да се стекнат со социјални и економски права спротивно на прописите на Европската унија и на Шенгенскиот договор, пријавениот организирал патување на пет граѓани од подрачјето на општина Штип со патничко моторно возило „Опел Зафира“ во Република Германија, ветувајќи им дека ќе добијат статус на азиланти во држава на ЕУ, противправно им наплатил парични средства од по 200 евра од лице. Со извршеното кривично дело пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1000 евра.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа