Груевски го запозна Бренгелман со иницијатива од македонска страна за забрзување на разговорите за името

 

Реформите кои се реализираат во Република Македонија за реализацијата на 14. циклус од Планот за пристапување во членство на земјата во НАТО и за евроатланската интеграција, како и последната иницијатива од македонска страна за забрзување на разговорите за името беа теми на денешната средба на премиерот Никола Груевски со помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Дирк Бренгелман.

- Премиерот Груевски ја акцентираше стратешката определба за членство на Република Македонија во НАТО, и посветеноста и искрената заложба за надминување на предизвиците на тој план. Притоа, премиерот Груевски го запозна соговорникот со последната иницијатива, која од негова страна беше испратена до премиерот на Република Грција за интензивирање и динамизирање на разговорите под покровителство на Обединетите нации околу надминувањето на отвореното прашање меѓу двете соседни земји со цел евроатланска и европска интеграција на нашата земја, стои во соопштението.

Според соопштението од владината прес служба, двете страни изразија позитивна оценка за реализацијата на Планот за пристапување во членство на Република Македонија во НАТО (МАП).

Беше разговарано и за реформите кои се преземаат за модернизација на нашата земја, при што двајцата соговорници дадоа позитивна оценка за истите, како и за унапредувањето на политичкиот дијалог во земјата.

 

најчитано сега