Објавен конкурсот за финансирање проекти и активности од културата

 

Градот Скопје денеска го објави Конкурсот за финансирање проекти и активности од областа на културата за 2016 година, со цел добивање поквалитетни програми од јавните установи од областа на културата.

Објавени се два посебни Конкурси и тоа: „Конкурс за финансирање и поддршка на програмите и дејноста на јавните установи од областа на културата основани од Градот Скопје“ и „Конкурс за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2016 година“ со „Општи и посебни цели и критериуми за оценување на доставените проектни апликации на Конкусот за финасирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2016 година“.

- Со воведување на овие измени се стремиме да им се излезе во пресрет на граѓаните, уметниците, невладиниот сектор и професионалните здруженија од областа на културата кои во текот на изработката на стратегијата, во рамките на дебатите кои се одржаа, укажаа на недостатоците и проблемите со кои се соочуваат при спроведување на досегашнаста процедура за одлучување и поделба на средствата од Буџетот на Град Скопје наменети за финансирање на кулурата, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Конкурсот е објавен во дневните пишани медиуми „Нова Македонија“, „Дневник“ и „Коха“ и ќе трае до 1 октомври 2015 година. Резултатите од Конкурсот, ќе бидат објавени во „Службениот гласник на Град Скопје“ и на официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk, со објавување на Програмата за финасирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Градот Скопје.

Конкурсот заедно со пријавата може да се подигнете на линкот http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx tabindex=0&tabid=653

 

 

Оцени ја веста

02.09.2015 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега