Детали од сообраќајката кај Лагадин - младо момче го загуби животот

 

Денеска околу 15 часот кај Лагадин се случи страшна сообраќајка. Според порталот OhridNews едното лице, родено 1995 година, го загуби животот.

Информацијта на OhridNews ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стеван Димовски.

По несреќата, двајцата биле пренесени во болницата во Охрид, каде по неколку часа, сопатникот на моторциклот, на возраст од 20 години, го загуби животот.

Инаку несреќата се случи денеска околу 15 часот на магистралниот патен правец Охрид-Свети Наум, кај населбата Лагадин, пренесе МИА.

Несреќата се случила при директен судар на патничко моторно возило и моторцикл, при што тешко се повредени двете лица кои се превезувале на моторот. 

 

Повредените лица се згрижени во Општата болница во Охрид. Увид на местото на несреќата изврши полицијата. За време на увидот сообраќајот на овој патен правец беше во прекин.

 

 

Оцени ја веста

01.09.2015 - 23:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега