„Илинден“: Очекуваме да се подобрат правата на Македонците во Албанија

 

 

Македонското друштво во Албанија „Илинден“ и ја честиташе победата на левата коалиција, на чело со социјалистите на Еди Рама, на парламентарните избори кои се одржаа на 23. јуни оваа година.

- Веруваме дека новата влада на Република Албанија ќе посвети поголемо внимание и ќе се ангажира во подобрување на правата на македонското малцинство. Македонците и посакуваат на победничката коалиција целосно да ја спроведат изборната програма и реформите во земјата, стои во честитката упатена до Рама, а потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај.

Рама, во емисија на тиранската телевизија Топ-чанел, рече дека победничката коалиција ќе посвети поголеми внимание на правата на малцинствата. 

најчитано сега