Во општина Кисела Вода доделени се нови 40 ваучери за новороденчиња
Во Големата сала на општина Кисела Вода денес беа доделени нови 40 ваучери за новородените деца од овој дел на градот, пренесе МИА.
Со тоа, бројот на семејства на кои општината им доделила еднократна парична помош се искачи на 1140.
Одлуката за јавно доделување на ваучери за еднократна парична помош на семејствата кои имаат принова, се спроведува веќе две години, и е со цел да им се излезе во пресрет на семејствата за нивните првични потреби кои доаѓаат со новороденчето.
Истата ќе се запази се до крајот на мандатот на градоначалничката Билјана Беличанец-Алексиќ.
Оцени ја веста
31.08.2015 - 13:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа