Драма на Водно: Маж и жена паднале во провалија
Маж и жена кои паднале во провалија на падините на планината Водно, во близина на локалитетот Марково Крувче, кај новотрасираниот пат биле спасени синоќа од екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
Како што соопштија денеска од Градот Скопје, екипата на БППЗ составена од шест пожарникари и предводена од командантот на првата чета, Сретко Цимевски, на терен успешно интервенирала со техничка опрема соодветна за интервенции при вакви несреќни случаи. Интервенирано е на непристапен терен на длабочина од 50 до 100 метри.
Интервенцијата започнала веднаш по примената дојава од страна на машкото лице околу 19:20 часот и успешно била завршена во 22:15 часот
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа