Дете од Центарот за бездомници се удави во Вардар
Познат е идентитетот на детето кое вчера околу 13:30 часот е извадено удавено од водите на Вардар во близина на зградата на Министерството за надворешни работи.
- Се работи за дете кое беше претходно пријавено за исчезнато од Центар за бездомници. По наредба на јавен обвинител телото било предадено во Институтот за судска медицина, за обдукција, соопшти денеска МВР.
Како што е наведено во соопштението, вчера околу 13:30 часот во Скопје на ул.„Кеј 13-ти Ноември“, било забележано безживотно тело во водите на реката Вардар. Увидна екипа од СВР-Скопје излегла на лице место, при што од Одделението на ППЗ-Скопје телото било извадено од реката.
Доктор од екипата на итна медицинска помош констатирал дека смртта настанала како последица од давење во реката.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа