ВИДЕО: Коментаторот на РТС во делириум: Победа на спортот над дрогирашите

 

Никој не остана рамнодушен за време на дирекниот пренос на Радио телевизија Србија на трката на 100 метри на Светското првенство во атлетика во Пекинг. Коментаторот Душко Корач, навивајќи за Јусеин Болт, во делириум удри по допинг - мафијата која го зарази спортскиот свет, славејќи ја победата на Јамајканецот над најголемиот конкурент, Американецот Џастин Гетлин кој два пати во кариерата беше суспендиран поради користење недозволени супстанции.

- Траката започна. Јусеин фати ритам и сега забрзува... Оди Јусеин... Јуса е прв! Јусеин е прв! Јусеин е прв, пред Џастин Гетлин! Има Господ! Има Господ! Не можете против мајката природа! Секоја чест, генију! Секоја чест! Ова е победа на спортот над фармацијата! Ова е победа на спортот над измамниците! Ова е победа на спортот над оние кои се дрогираат! Браво Јусеине, го спаси светскиот спорт, не само атлетиката! Иконата останува икона! Пријатно Џастине, коментираше Душко.

 

 

 

Оцени ја веста

24.08.2015 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега