Ѓоковиќ и Федерер во финалето на Мастерсот во Синсинати
Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер ќе играат во финалето на Мастерсот во Синсинати откако синоќа во полуфиналето ги совладаа своите ривали.
Ѓоковиќ уште еднаш успеа да направи пресврт и да го добие мечот. Неговиот противник Александар Долгополов поведе со 1:0 во сетови откако го доби првиот сет со 6:4 во гемови. Во вториот сет се играше тај брек, а Долгополов поведе со 5:4 на поени и беше на два понеа до победа, но Ѓоковиќ го доби тај брекот со 7:5 за 1:1 во сетови. Во решавачкиот сет беше 6:2 во гемови за Ѓоковиќ.
Федерер ја оствари и петта победа над Енди Мареј во серија откако го совлада со 6:4 и 7:6 (8:6) искористувајќи ја втората меч топка.
Финалето меѓу Ѓоковиќ и Федерер ќе биде нивни 41.меч (20:20 во победи). Федерер на досегашните шест финални меча има шест победи во Синсинати (два победи над Ѓоковиќ), додека Мастерсот во Синсинати е единствениот од оваа серија кој Ѓоковиќ го нема освоено.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа