Работнички со 1:1 патува во Казањ
Екипата на Работнички од Скопје вечерва во рамки на плејофот за Лига Европа одигра нерешено со рускиот Рубин Казањ 1:1 (полувреме 0:0).
Македонскиот тим одигра храбро во текот на целиот меч и беше рамноправен противник иако од 54. Минута играше без исклучениот Милован Петровиќ. Гостите ја искористија предноста од играч повеќе и во 69. Минута поведоа со 1:0 со голот на Карадениз.
Работнички иако со човек помалку на теренот, продолжи да игра квалитетно и наградата стигна во 85. кога Кире Ристевски постигна гол за конечни 1:1.
На националната арена „Филип Втори“ имаше околу 15.000 гледачи а судеше Иштван Вад од Унгарија.
Работнички настапи во состав: Божиновски (90’ Шишковски), Силјановски, Илиевски, Ристевски, Цикарски, Петровиќ, Вујчиќ, Јовановски (70’ Ристовски), Маркоски, Анене (86’ Најдовски), Алтипармаковски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа