„Водњанска“ заминува во историјата
Градот Скопје, согласно одлуката на Советот на Град Скопје донесена на 66-тата седница, одржана на 24.06.2012 година, донесе одлука за определување и промена на имиња на улици, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје, информираат од Град Скопје.
Со оваа одлука беа сменети имињата на неколку улици, мостови и паркови на територијата на Градот Скопје.
Од Град Скопје информираат дека улицата "Васил Чакаларов" која поминува покрај ОУ "Васил Главинов" се преименува во улица "Роналд Реган", додека улица "Адолф Циборовски" која ги поврзува населбите Тафталиџе 2, Влае и Хром (гранична улица помеѓу општините Карпош и Ѓорче Петров), поточно која ги поврзува булеварите "Метрополит Теодосиј Гологанов" (од Студентскиот дом "Гоце Делчев") и "Ѓорче Петров" (кај Порта Влае) стана "Војвода Васил Чакаларов". Поранешната улица "Мајка Тереза" се преименува во улица "Адолф Циборовски", додека името "Мајка Тереза"го носи поранешниот булевар "Водњанска".
Во соопштението од Град Скопје се подвлекува дека преименувањето на улиците е во надлежност на Советот на Град Скопје, а не на општините во Скопје.